fbpx

Доживотен затвор за лидерот на Муслиманското братство

-

Египетскиот суд го осуди врховниот лидер на Мислиманското братство, Мухамед Бади, на доживотен затвор и ја потврди претходно изречената смртна казна за четворица обвинети за убиство на демонстранти.
По изречената пресуда, обвинетите најавија жалба.

Бади, кој е веќе осуден на смрт по друго обвинение, е обивинет за убиство на 12 антиисламистички демонстранти кои се обиделе да влезат во седиштето на Муслиманското братство пред да се смени претседателот Мухамед Морси.

По смената на Морси, во јули 2013 година, повеќе од 1.400 луѓе загинаа во акции на полицијата против исламистичките демостранти, додека најмалку 15.000 поддржувачи на Морси беа затворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...