fbpx

Египет воведе строги закони за борба против тероризмот

-

Египетскиот претседател, Абдул Фатах ал-Сиси ги одобрил новите строги антитерористички закони, поради зголемените закани од џихадистички напади во земјата, јавуваат светските медиуми.

Новите закони предвидуваат воведување на специјални судови и дополнителна правна заштита за војската и полицијата при употреба на сила. Исто така, се воведува и смртна каза за секој што ќе биде прогласен за виновен поради организирање и водење на терористичка група.

Од друга страна, како што пренесува „Би-Би-Си“, групите за заштита на човековите права коментираат дека новата легислатива, претседателот Сиси ќе ја искористи за пресметка со дисидентите и противниците на неговата власт.

Египетскиот претседател ги најави новите строги закони за борба против тероризмот во јуни, оваа година, по бомбашкиот напад во кој беше убиен државниот обвинител на Египет, Хишам Баракат.

Инаку, џихадистите ги засилија нападите, по воениот удар пред две години, кога од власт беше симнат предходниот претседател на Египет, Мухамед Морси, по што следеше жестока пресметка со припадниците на партијата Муслиманско братство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...