fbpx

ОН: 6.000 загинати во судирите во Украина

-

Повеќе од 6.000 луѓе загинаа во Украина од почетокот на судирите што почнаа минатата година, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин.

Според податоците на Комисијата на ОН со седиште во Женева, повеќе од стотина цивили и припадници на војската загинаа во последната недела во судирите во Дебаљцево и во близина на аеродромот на Донецк.

Ал Хусеин наведе дека истражителите на ОН утврдиле дека „немилосрдно се уништуваат цивилите и инфраструктурата“ во областите на истокот на Украина, каде проруските бунтовници се борат против украинската војска.

Официјална Москва ја негира вмешаноста на своите војници во судирот, а ОН наведува дека постои извештај за тоа дека од Русија се испраќа тешко вооружување за сепаратистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...