fbpx

Уругвај: Новиот претседател најавува остри мерки против алкохолот

-

Новиот претседател на Уругвај, Табаре Васкез, најави остри мерки против алкохолот.

– Ќе бидат засилена психолошката помош, превенцијата и сузбивањето на пушењето, наркоманијата и на алкохолизмот – рече Васкез по положувањето заклетва за петгодишниот претседателски мандат.

Седумдесет и петгодишниот Васкез, лекар-онколог, еднаш веќе беше претседател, од 2005 до 2010 година, кога го забрани пушењето на јавни место, со што стана прв латионоамерикански претседател што го сторил тоа.

Потоа на власт беше популарниот Хозе Мухика, кој најави легализирање на марихуаната, но новиот шеф на државата синоќа тоа не го спомена.

Уругвај, кој има 3,3 милиони жители, е лидер во Латинска Анмерика според демократијата, мирот, немањето корупција, според квалитетот на живот, слобода на печатот, големината на средната класа и според безбедноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...