fbpx

Солунскиот митрополит Антимос предлага да се викаме „Република Пелагонија“

-

Патриотски настроениот солунски митрополит Антимос предизвика изненадување во Грција со изјавата дека се молел за успех во Брисел за премиерот Алексис Ципрас. Сепак, иако застана на негова страна за економијата, сепак не е задоволен од ставот на Ципрас за спорот за името, односно од ставот за сложено име со географска одредница. Во интервју за весникот „Катимерини“, Антимос коментира дека не се согласува со предлогот на Ципрас за сложено име и забележува дека ниту тој, ниту неговите претходници, ниту, пак, народот не го прифаќаат овој став на грчките влади.

Според Антимос, кој секоја недела на своите литургии „проповеда“ против идејата за сложено име и против компромис со Македонија, името треба да се изведе од македонските топоними и да нема никаква врска со името Македонија.

– Еден пример за тоа како може да се именуваат е „Република Пелагонија“. Има и уште две-три кои може да се извадат од нивните региони, но јас велам зошто да не остане „Република Скопје“ -коментира Антимос за „Катимерини“.

Митрополитот истакнува дека е неопходно да продолжи да постои Министерството за Македонија и за Тракија, кое Ципрас, на големо изненадување, го остави да функционира, ставајќи раководител од редовите на ултрадесничарската „Независни Грци“.

Антимос коментира дека одлуката на Папандреу да се укине Министерството го повредила значително народот од Северна Грција, правејќи ги да се чувствуваат ирелевантни во целата држава.

– Министерството дава живот и чувство на присутност и на важност на грчката држава во регонот на Македонија –  коментира Антимос.

Самиот образложува инцидент кој го направил во времето кога Јоргос Папандреу беше премиер. При една негова посета на црквата „Св. Димитрија“ во Солун ,Антимос на среде литургија извикал „Да живее Македонија и министерството“ за да му стави до знаење на Папандреу дека се противи на одлуката за затворање на министерството. Антимос апелира до Ципрас да не го заборави ова министерство кое сега стана дел од пошироко министерство со спојување на неколку институции и да му даде соодветни надлежности за да не се заборави регионот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...