fbpx

САД: Снежното невреме предизвика хаос во авиосообраќајот

-

Повеќе од 1.600 летови се откажани од аеродромите на североистокот на САД поради снежната бура што го зафати овој дел од земјата.

Како што јавуваат американските медиуми, поради невремето доцнеле 5.000 летови, а најпогодени се аеродромите во Њујорк и во Филаделфија.

Ова е петта снежна бура што ги зафати САД, а според метеоролозите, невремето ќе се задржи до вторник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.