fbpx

Поранешниот директор на ЦИА призна дека издавал државни тајни

-

Поранешниот прв човек на американската Централна разузнавачка агенција, генералот Дејвид Петреус, призна дека ѝ оддал државни тајни на својата љубовница и биографка, Паула Бродвел, соопшти Министерството за правда на САД.

Петрус на Бродвел ѝ открил тајни податоци поврзани со нападите на американскиот конзулат во Бенгази, Либија, извршен во 2012 година.

Адвокатите на Петреус засега не ја коментираат одлуката на својот клиент, кој со постигнатата спогодба со обвинителство би можел да добие најмногу една година затвор, парична казна од 100.000 долари и условна казна од пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...