fbpx

Откриени остатоци од непознат вид човек

-

Во Кина се пронајдени фосили што не се вклопуваат во ниту еден досега познат човечки вид. Според својот изглед, не спаѓаат во неандерталците, ниту во современите луѓе. Тие се нешто сосема друго, но никој не е сигурен што.

Фосилите првпат се откриени во пештерата Ксијиао во 1976 година, а пронајдени се неколку фрагменти од череп и девет заби од четири лица. Сеопфатната анализа на забите е објавена во магазинот „Американ џурнал оф физикал антрополоџи“. Прегледаните фосили покажуваат дека непознат вид човек живеел на подрачјето на Кина во периодот пред 60.000 до 120.000 години.

Марија Мартинон-Торес, која работи во Националниот истражувачки центар за проучување на човековата еволуција во Бургос, Шпанија, заедно со своите колеги ги проучувала пронајдените фосилни заби. Ја гледале големината и обликот на коронката, коренскиот систем на забите, браздите и нерамнините на секој заб поединечно, како и нивната позиција во однос на другите заби.

При анализата, забите се споредени со повеќе од 5.000 други, кои им припаѓаат на сите познати видови. По анализата, било јасно дека пронајдените заби ни малку не наликуваат на тие кај современиот човек. Наместо тоа, тие имаат неколку примитивни карактеристики, од кои некои изгледаат како кај стариот вид хомо еректус, а некои повеќе како кај неандерталецот. Исто така, ни останатите делови од фосилот пронајдени на истото место, не одговарале на познатите човечки видови. Сепак, фосилот би можел да биде резултат на вкрстување на два познати вида, пренесува „Би-Би-Си“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...