fbpx

ИД почна да го уништува древниот ирачки град Нимруд

-

Екстремистичката група Исламска држава денеска со булдожери почна да го уништува древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката влада, што претставува најнов напад на џихадистите на културното наследство на оваа блискоисточна држава.

Како што соопшти еден ирачки претставник, уништувањето почнало по пладневната молитва.

– Засега не знаеме во кој обем е уништен – соопшти ирачкиот претставник, кој инсистирал на анонимност.

Нимруд, кој е основан во 13 век пред нашата ера, лежи на реката Тигар, околу 30 километри југоисточно од Мосул, вториот по големина играчки град и упориште на ИД во земјата. Уништувањето на Нимруд, кој претставува бисер на асирската ера, следи една недела откако џихадистите објавија снимка на која уништуваат бесценети древни уметнички предмети во музејот во Мосул.

– За жал, сите го очекувавме ова. Нивниот план е да го уништат ирачкото наследство, наоѓалиште по наоѓалиште – рече ирачкиот археолог Абдуламир Хамдани, додавајќи дека следен град е Хатра, кој е стар повеќе од 2.000 години и се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско наследство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...