fbpx

СЗО: Прегласна музика може да ве оглуви

-

Прекумерното слушање музика на слушалки денес, може да доведе до губење на слухот утре, предупредуваат од Светската здравствена организација.

Оттаму велат дека младите луѓе имаат тенденција да ја зголемат јачината до максимум додека слушаат музика на нивните мобилни уреди, а тоа се одразува на нивните уши исто како да се во многу гласен клуб. Како резултат, повеќе од 1,1 милијарда луѓе на возраст од 12 до 35 години се изложени на ризик да го изгубат својот слух.

Звукот на една типична конверзација е 60 децибели, па токму затоа оваа јачина е најпрепорачлива. Звукот на булдожер изнесува 85 децибели и веќе по осум часа слушање може да предизвика оштетување. Звуците како громот, кои достигнуваат и до 120 децибели јачина, можат за само девет секунди да предизвикаат штета. Губењето на слухот од овие звуци може да биде моментално или, пак, со тек на време да ги оштети деликатните структури на внатрешното уво така што ќе предизвика траен проблем.

Но, слушалките колку што се лоши, понекогаш можат да бидат и добри за здравјето на вашиот слух. Кејтлин Кемпбел, професорка на Медицинскиот универзитет во Јужен Илиноис, ги препорачува слушалките што се поставуваат врз ушите или, пак, оние кои го елиминираат надворешниот звук. Бидејќи луѓето претпочитаат звукот од нивните слушалки да биде погласен од кој било надворешен звук, тие постојано го зголемуваат, но овие слушалки ги охрабруваат луѓето да го намалат звукот. Слушалките што се поставуваат во ушите или кои не овозможуваат добра изолација на надворешниот звук за само четири минути на максимално ниво може да предизвикаат трајни оштетувања на слухот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...