fbpx

Нетанјаху: Израел нема да дава територии

-

Израел повеќе нема да дава територии поради сегашната клима на Блискиот Исток, соопшти синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со што се исклучува можноста за создавање палестинска држава.

Аналитичарите велат дека изјавата на Нетанјаху, дадена пред изборите закажани за 17 март, навестува дека нема да има мировни преговори доколку тој победи на изборите.

Како што се наведува во соопштението од владејачката партија Ликуд, Нетанјаху смета дека секоја евакуирана територија би можела да падне во рацете на екстремистите и на терористичките организации, поради што ја отфрла идејата за повлекување или за давање концесии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...