fbpx
Свет Страница 2

Свет

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен објект во областа Одеса. „Руските терористички сили уште еднаш ја нападнаа индустриската инфраструктура на Запорожје, лансирајќи...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е болест и појава на болест. Метежот во сообраќајот е многу голем, луѓето секој ден да...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за публиката да се збуни околу тоа „кој прв почнал“. Филмот го нагласува палежот врз проруските...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога лансираше преку 300 ракети, повеќето од кои беа соборени од израелските одбранбени сили. Иранскиот напад,...

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90 отсто од гласовите. На второ место се најде коалицијата „Реки на правдата“, предводена од Социјалдемократската партија...

Уапсена директорката на црногорската Агенција за спречување корупција

Јелена Перовиќ, директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора била уапсена вчера, соопштија црногорските медиуми. Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство. Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на...

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон, пренесе „Гардијан“. И Бенјамин Нетанјаху ги отфрли повиците за воздржаност...

Предлогот за прием на Косово во Советот на Европа усвоен во Парламентарното собрание

Македонските пратеници во парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се изјасниле позитивно во усвојувањето на нацрт-извештајот со кој се препорачува да се одобри Косово да стане членка на оваа организација. Од листата на гласање може да се види дека меѓу пратениците што дале поддршка...

Ричардс: Првото нешто што ги советувам политичките кандидати е да ги избришат профилите на социјалните мрежи

Бил советник на голем број британски политичари и бизнисмени, советник на министри во Владата на Велика Британија, водел политички кампањи, а сега своето знаење го пренесува секаде низ светот, почнувајќи од европските до африканските држави. Станува збор за Пол Ричардс, специјалист за комуникации, тренер,...

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект и го урна неговиот карактеристичен врв, пренесе Гардијан. „Сведоци сме на страшен спектакл. Берзата гори“, напиша...

Германските експерти препорачуваат декриминализација на абортусот

Германија треба да го декриминализира абортусот, а во рана фаза целосно да го дерегулира, најави експертската комисија назначена од Владата, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Во раните фази од бременоста законот треба да дозволи абортус“, се вели во извештајот на Комисијата објавен вчера. Во Германија абортусот...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот напад со проектили и беспилотни летала, рече Халеви - „ќе добие одговор“. Неговата изјава била дадена...

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На почетокот на првото судење за кривично дело на американски претседател, обвинителите побараа од судијата Хуан...

Дејвид Камерон апелира кон Израел да не го ескалира конфликтот со Иран

Државниот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон апелираше кон Израел да не го ескалира конфликтот со Иран, притоа сепак истакнувајќи го правото на Израел да одговори на нападот на Иран, пренесува Гардијан. Ситуацијата на Блискиот Исток ескалираше откако Иран истрела ракети кон Израел....

Повозрасните лидери нè туркаат кон климатска катастрофа, вели поранешниот шеф за животна средина на САД

Политичките лидери кои се претставуваат како „возрасни“ додека го забавуваат темпото на климатските активности, го туркаат светот кон подлабока катастрофа, предупреди поранешен шеф за животна средина на САД, а соопшти Гардијан.  „Ние сме забавени од оние кои се сметаат за возрасни и веруваат дека декарбонизацијата...

Бајден ветува поддршка за Израел

Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди нападите со ирански беспилотни летала врз воени објекти во Израел, и при разговор со Бенјамин Нетанјаху ја потврди поддршката за Израел. „Му реков дека Израел покажа извонреден капацитет да се брани и да ги порази дури и нападите без...

Ирска, Полска и Словенија во трка за местото претседавач на Воениот комитет на ЕУ

Функцијата претседавач на Воениот комитет на ЕУ (ЕУМЦ) не спаѓа во групата позиции од висок профил во рамките на Унијата, но нејзиниот носител има значајна улога како советник на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Позиција доби на значење и со руската...

Иран со дронови го нападна Израел

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари потврди дека Иранците испратиле беспилотни летала кон Израел и дека израелската држава е подготвена на сè. Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден ќе се врати рано во Вашингтон од Делавер за да разговара со неговиот тим за...

Малолетници во притвор за планирање терористички напад во Германија

Четворица малолетници на возраст од 15 и 16 години завршија во истражен затвор поради сомнение дека планирале терористички напад. Тие, наводно, го подготвиле нападот „во согласност со целите и идеологијата на Исламската држава“, објави вчера провинциското обвинителство во Дизелдорф, пренесе германската новинска агенција ДПА. Во...

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...