fbpx
Свет Европа Страница 219

Европа

Изгубена контролата над вселенкиот брод „Прогрес“

Рускиот контролен центар изгубил контрола над рускиот вселенски товарен брод „Прогрес“, кој би требало на Меѓународната вселенска станица да ѝ достави гориво и храна. „Прогрес“ има проблем со пренос на податоците и се движи неконтролирано. Затоа, руските контролори за летање одлучиле да се обидат да користат...

ЕУ драстично го ограничува користењето најлонски кеси

ЕУ го ограничува бројот на тенките најлон-кеси. Досега секој жител на земја на унијата годишно трошел во просек по 200 кеси, а до 2020 овој број ќе биде намален на 90. Европскиот парламент изгласа директива со која се ограничува користењето на тенките најлонски кеси. Се проценува дека...

Пожарот кај Чернобил е ставен под контрола

Пожарот што вчера изби во близина на нуклеарната централа Чернобил во Украина, утринава е ставен под контрола, соопштија претставниците на службата за вонредни состојби. „Шумскиот пожар е локализиран и запрен. Ситуацијата е ставена под контрола. Се продолжува со активности за сузбивање и за спречување на повторно...

Порошенко: Украина за пет години ќе биде подготвена за влез во ЕУ

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговата земја во рок од пет години ќе ги исполни условите за членство во Европска унија. Порошенко на самитот на ЕУ и на Украина во Киев истакнал дека Украина заслужува да биде интегрален дел од Унијата и дека...

Ципрас му попушти на Брисел и го изолира Варуфакис

Грчкиот премиер Алексис Ципрас направи измени во преговарачкиот тим за грчкиот договор со Брисел и во техничките групи. Наместо министерот за финансии, Јанис Варуфакис, лидер на преговарачкиот тим ќе биде заменик-министерот за надворешни работи, Евклидис Цакалотос. Промената предизвикаа реакции дека ова е маргинализирање на Варуфакис и...

Меркел на удар поради шпионската афера

Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината канцеларска служба се најдоа на удар на критиките на опозицијата, но и на владејачките социјалдемократи, кои бараат објаснување за обидите на американските разузнавачки служби, преку германската БНД, да шпионираат и европски компании. Генералната секретарка на Социјалдемократската партија, Јасмин Фахими,...

Најголемиот балкански фестивал во Брисел во потрага по македонски уметници

Вечерва во Брисел завршува деветтото издание на сега веќе култниот фестивал „Балкан трафик“, местото каде секоја година, напролет, се собира разновидна публика во срцето на европската престолнина, за да ги слушне балканските мелодии, да ја проба кујната и вината или да гледа некој филм...

Спасени 247 илегални мигранти кај брегот на Либија

Вкупно 247 илегални мигранти вчера се спасени од брод во Средоземно Море, кој пловел во близина на брегот на Либија, соопштија италијанските власти, без притоа да откријат повеќе детали. Како што јавуваат италијанските медиуми, 334 мигранти кои во петокот беа спасени се транспортирани до пристаништето Аугуста...

Запленети повеќе од два тони кокаин кај Шкотска

Француските цариници заплениле повеќе од два тони кокаин од брод кој минувал покрај брегот на Шкотска. Како што соопшти француската Национална дирекција за царинско разузнавање и истрага, акцијата била спроведена во четвртокот, по добиен сигнал од француските царински служби.

Шпионски скандал ја тресе Германија

Американиста Национална тајна служба (НСА) со години, со помош на Германската разузнавачка агенција (БНД) шпионирала цели во Западна Европа и во Германија, објави весникот „Шпигел“. НСА, наводно, повеќе од 10 години ѝ праќала таканаречени селектори (ИП-адреси или телефонски броеви) на германската партнерска агенција БНД. Селекторите биле...

Светските лидери им одадоа почит на масакрираните Ерменци

Бројни светски лидери, меѓу кои и претседателите на Русија и на Франција, денеска во меморијалниот комплекс „Цицернакаберд“ во Ереван им одадоа почест на Ерменците кои настрадаа за време на Отоманското Царско. Денеска се одбележува стогодишнината од геноцидот над Ерменците, на ден кога се приведени 250...

Уапсени 18 терористи во Италија

Италијанската полиција уапси 18 лица поврзани со терористичка организација блиска до Ал каеда, која поддржува напади врз пакистанската Влада и врз американските сили во Авганистан. Како што јавуваат италијанските медиуми, уапсените се осомничени дека учествувале во нападот врз пазарот во пакистанскиот град Пешавар од 2009...

Северна Кореја поседува 20 боеви глави

Кинеските нуклеарни експерти веруваат дека Северна Кореја веќе има арсенал од 20 боеви глави и капацитет за збогатување ураниум и за двојно да го зголеми тој број до крајот на следната година, пишува „Вол стрит журнал“. Кинеската процена ја одразува сè поголемата загриженоста на Пекинг...

ЕУ ќе ги уништува бродовите и ќе ги конфискува имотите на шверцерите на мигранти

Лидерите на Европска унија синоќа на вонреден самит договорија да го спречат бранот илегални мигранти „разбивајќи ги шверцерските мрежи, изведувајќи ги прекршителите пред суд, запленувајќи ги нивните имоти“ и „запленувајќи ги и уништувајќи ги бродовите пред шверцерите да ги искористат“. Ова е наведено во заедничкото соопштение на шефовите на...

36 студенти повредени во пожар во Москва

Во пожар, кој вчера доцна вечерта избувнал во студентски дом во југозападниот дел на Москва, настрадале 36 студенти од странски земји, од кои дел биле во критична состојба, пренесува ХРТ. Пожарот избувнал во шестнаесеткатница која му припаѓала на Националниот руски универзитет за медицински истражувања „Пирогов“,...

Полска ќе ѝ даде воена поддршка на Украина ако ескалира ситуацијата

Шефот на полската дипломатија, Гжегож Шетина, денеска изјави дека Полска, заедно со другите земји, би можела да ја поддржи украинската војска во судирите, доколку кризата на истокот на Украина ескалира. - Не можеме да ја исклучиме можноста дека во случај да се обнови ескалацијата на...

Спречени пет терористички напади во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека од јануари досега се спречени пет терористички напади во Франција. Валс рече дека освен петте напади, спречен е и еден кој, според планот на терористите, требало да го извршат 19 април. Валс бара зголемување на овластувањата за соодветните служби да можат...

Жртвите од ерменскиот геноцид ќе бидат прогласени за светци

Ерменската црква ќе прогласи за светци 1,5 милион Ерменци кои беа убиени за време на Првата светска војна. Одлуката доаѓа еден ден пред прославата на стогодишнината од трагедијата. Свеченоста ќе се одржи во главната ерменска црква, катедралата „Етчмиаџин“, а тоа ќе биде и најголемата канонизација...

ЕУ размислува за воена операција против шверцери на луѓе

Лидерите на земјите-членки на Европска унија денеска во Брисел ќе разговараат за покревање воена операција против шверцерите на мигранти во Либија, кои се сметаат за одговорни за смртта на повеќе стотина мигранти годинава во Средоземно Море. Во нацрт-документот се предвидува „обврзување на европските лидери за преземање...

Нова средба Меркел – Ципрас вечерва во Брисел

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска одново ќе седне зад затворени врати со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговара за грчкиот долг и за новиот договор меѓи ЕУ и Грција. Средбата ќе се одржи на маргините на вонредниот Самит на Европската унија во Брисел, кој ќе се...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...