fbpx

Изгубена контролата над вселенкиот брод „Прогрес“

-

Рускиот контролен центар изгубил контрола над рускиот вселенски товарен брод „Прогрес“, кој би требало на Меѓународната вселенска станица да ѝ достави гориво и храна.

„Прогрес“ има проблем со пренос на податоците и се движи неконтролирано. Затоа, руските контролори за летање одлучиле да се обидат да користат режим на екстерна контрола за да го запрат неконтролираното движење на бродот.

„Прогрес М-27М“, кој вчера наутро од космодромот „Бајконур“ беше лансиран на ракетата „Сојуз“, не влезе во планираната орбита поради дефект на лансерот.

Рускиот и американскиот дел на станицата и понатаму нормално работат и имаат доволно резерви за да функционираат до пристигнувањето на следниот товарен брод.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...