fbpx

„Прогрес“ ќе согори во атмосферата

-

Руското товарно летало „Прогрес“, кој поради дефект почнало неконтролирано да се врти во круг, ќе биде насочено кон Земјата меѓу 5 и 7 мај и ќе согори во атмосферата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Леталото не претставува закана за Меѓународната вселенска станица затоа што нивните орбити значително се разликуваат.

„Во овој момент, системите во леталото се под контрола. Експертите од Роскосмос го следат движењето на бродот и навреме ќе известат за каква било промена во ситуацијата“, се наведува во соопштението на агенцијата.

„Прогрес“ е лансиран во вторникот од космодромот „Бајконур“ во Казахстан, но по одвојувањето од ракетата-носач, настанал дефект. Леталото во вселенската станица требало да достави гориво, кислород, апарат за научни експерименти и храна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...