fbpx

Охрид и Скопје на мапата на „Спринг Балканика“

-

Македонскиот туристички бисер Охрид, од оваа година, преку посетата на туристи од Србија и од Словенија, е вклучен во големата Балканска промотивна туристичка турнеја „Спринг Балканика“ (Spring Balcanica).

На мапата се неколку истакнати места во земји од Балканот, во вид на едукативна турнеја, која ја организира тур-операторот „Деј дрим травел“ (DayDream travel) од Словенија.

Гостите кои тргнаа од Љубљана, денеска и утре ќе ги посетат Охрид и Охридско Езеро, а потоа турата ќе продолжи кон Албанија.

Во Охрид ќе ги посетат Музејот на вода во Заливот на коските и манастирскиот и туристички комплекс Свети Наум.
„Спринг Балканика“ почна на 26 април, а ќе заврши на 2 мај. Во посетата се вклучени : Љубљана (Словенија), Загреб (Хрватска), Белград (Србија), Скопје и Охрид (Македонија), Тирана и Круја (Албанија).

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...