fbpx

Прилепчанец вршел кражби во Кичевско

-

Прилепчанецот Е.А. (43) „олеснил“ многу семејства во Кичево и во Кичевско. Во периодот од јуни 2014 година до март 2015 година, со употреба на подесен предмет и со кршење на бравите, цилиндрите и на стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и од помошни објекти низ градот.

Притоа противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД-телевизор, лаптоп-компјутери, мобилни телефони, текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници и други предмети.

Пријавениот Е.А. на оштетените им причинил значителна материјална штета, а самиот стекнал голема противправна имотна корист.

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава поради постоење основи за сомневање дека сторил дванаесет казнени дела „тешка кражба“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...