fbpx

Охриѓанец продавал и посредувал при набавка на хероин

-

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (36) од Охрид, за кого има основан сомнеж дека неовластено произведувал и пуштил во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Пријавениот, на повеќе наркозависници од Охрид им вршел продажба на опојна дрога хероин, но и посредувал при набавка на опојната дрога. Хероинот што го поседувал, 5-10 грама, најнапред го препакувал и во помали дози го продавал на наркозависници од Охрид. Со дополнително мешање и со препакување, можел да направи околу 50 помали пакувања хероин кои ги продавал по цена од 1.000 денари.

На 27 овој месец, пријавениот од лицето И.Д. (26), познат наркозависник од Охрид, примил 10.000 денари за да набави хероин за лична употреба, но и за понатамошна продажба. Истиот ден, во 17.40 часот, полициските инспектори, пред неговата куќа, ги затекнале И.Д. (26), заедно со пријавениот Г.А.(36), и Д.Р.(27), наркозависник од Охрид.

Забележувајќи ги полициските оперативци, пријавениот Г.А. од десниот џеб од јакната исфрлил две најлонски кеси со кафеава правлива материја. Истите се одземени и предадени на вештачење во МВР во Скопје.

Пријавениот Г.А. е лице познато на службата, против кое и досега по слични основи се поднесувани кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.