Ерменската црква ќе прогласи за светци 1,5 милион Ерменци кои беа убиени за време на Првата светска војна. Одлуката доаѓа еден ден пред прославата на стогодишнината од трагедијата.
Свеченоста ќе се одржи во главната ерменска црква, катедралата „Етчмиаџин“, а тоа ќе биде и најголемата канонизација во историјата.
Ерменскиот цркви во светот ќе го одбележат канонизирањето со биење на камбаните.
Многумина историчари го сметаат за геноцид масакрот и депортацијата на 1,5 милиони Ерменци од Отоманската Империја. Сепак, Турција негира дека извршила геноцид.