fbpx

Шпионски скандал ја тресе Германија

-

Американиста Национална тајна служба (НСА) со години, со помош на Германската разузнавачка агенција (БНД) шпионирала цели во Западна Европа и во Германија, објави весникот „Шпигел“.

НСА, наводно, повеќе од 10 години ѝ праќала таканаречени селектори (ИП-адреси или телефонски броеви) на германската партнерска агенција БНД. Селекторите биле внесувани во системот на БНД за заеднички да шпионираат различни делови на светот за да се борат против тероризмот.

„Шпигел“ наведува дека од 2008 година досега, вработените во БНД забележале дека некои селектори не се познати и оти не се внесени во системот во рамки на Меморандумот за договор, кој е склучен за да се унапреди борбата против тероризмот.

Наместо ефикасна борба против тероризмот, НСА намерно барала информации за произведувачот на оружје ЕАДС, „Еурокоптер“ и за француската влада.

Германската агенција, според „Шпигел“, не се потрудила систематски да ја провери листата на селектори. Дури во 2013 година, откако скандалот излезе во јавноста, агенцијата посериозно се зафатила со оваа приказна, а резултатите од истражувањето покажале дека најмалку 2.000 селектори биле насочени против западноевропските и германските интереси.

Шпионирани се, наводно, и политичари, но тоа не им било пријавено на германската влада и на надлежните институции.

Германската политичка партија Левица и Зелените неодамна изнесоа докази за овој скандал и ова ја натера БНД повторно да ги провери селекторите. Резултатот бил дека 40.000 од нив биле насочени против западноевропски и германски интереси. Дури во март годинава германската Влада ја објави оваа цифра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...