Лавров и Кери телефонски разговараа за кризата во Украина
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, синоќа телефонски разговараа за ситуацијата во Украина и за текот на преговорите за иранската нуклеарна програма, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Џен Саки.
За време на разговорот, Лавров и Кери ја истакнале...
Украина се подготвува за војна на истокот на земјата
Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата.
Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на...
Седумдесет повредени и 276 приведени во демонстрациите во Полска
Најмалку педесет полицајци и 24 демонстранти се повредени за време на судирите во Варшава што избија за време на Маршот на независноста, организиран од националистички движења.
На марш на Денот на независноста на Полска, кој го организираа националистичките движења, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, со...
Германија: Уапсени осум исламисти
Германската полиција уапси најмалку осум исламисти со германско државјанство за време на полициската акција во Северна Рајна Вестфалија. Рацијата е спроведена поради сомневање дека лицата со кражби во цркви и во училишта собирале средства за поддршка на џихадисти во Сирија.
Како што јавуваат германските медиуми,...
Повеќе од 200 лица уапсени во Варшава
Најмалку 215 луѓе беа уапсени по судирите што избувнаа во Варшава кога полски националисти излегле на улиците за да го одбележат Националниот ден на независноста на земјата. Ситуацијата се вжештила кога протестантите почнале со камења да фрлаат на полицијата, која возвратила со водени топови.
Полските...
Европскиот суд пресуди: Нема социјална помош за секого
Европскиот суд за правда во Луксембург денеска објави пресуда со која невработени европски граѓани нема повеќе да можат да уживаат социјална помош во земја-членка на Европска Унија каде немаат работен стаж или не бараат активно работа.
Одлуката е донесена откако германски суд одбил да ѝ даде...
Бајден ја предупреди Русија за мешањето во Украина
Потпретседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја предупреди Русија дека ќе сноци последици поради влезот на руски тенкови, тешка артилерија и на воени камиони во Донецк, Источна Украина.
Бајден, во телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, истакнал дека „ако Русија продолжи свесно да ја...
Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас
Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев.
Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија.
Заменик...
Брисел: Повици за оставка на новиот претседател на ЕК
Се зголемува притисокот врз новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, откако меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ги откри минатата недела тајните договори кои луксембуршката влада редовно ги склучува со големи меѓународни приватни компании за да им овозможи минимално плаќање данок.
Шемата наречена „такс рулинг“,...
Горбачов: Не е сè изгубено меѓу Западот и Русија
Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, смета дека е неопходно Западот и Русија да направат заедничка работна група која би создала мир во Европа.
- Сметам дека прва работа што мора да ја направиме е да ги оживееме заедничките интереси и идеи за изградба на Европа...
Симболичен референдум за независност во Каталонија
Денеска регионалните националистички власти на Каталонија спроведуваат „симболично изјаснување за независност“. На ова изјаснување, кое нема никакво правно значење, околу 5,4 милиони Каталонци треба да се изјаснат дали се за отцепување на регионот од Шпанија.
На референдумот, што и покрај противњето на Мадрид го организира...
Новиот комесар на ЕУ ќе ја заобиколи Македонија во првата посета
Јоханес Хан, новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседска политика и за преговори за проширување, веќе го насочи вниманието кон земјите од Западен Балкан, по само една недела на должност.
Во првата посета на регионов, Хан ќе ги посети Србија и Црна Гора, но...
Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец
Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми.
На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според...
Лондон e против испраќање британски полицајци во реонот на Кале
Британската влада ја отфрли можноста полицајци од Велика Британија да бидат префрлени на француската страна на каналот Ла Манш за да им помогнат на француските власти полесно да се справат со илегалните имигранти во реонот на градот Кале.
За официјален Лондон, безбедносните работи на француска...
Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск
Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел.
- Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова...
Французинот Паке, нов директор во ЕК за Македонија
Французинот Жан-Ерик Паке е новиот директор на секторот „Б“ во Директоратот за преговори за проширување на Европската комисија, предводен од еврокомесарот Јоханес Хан. Паке доаѓа на местото на Александра Кас-Грање.
Од утре на местото на еврокомесарот Штефан Филе доаѓа Австриецот Хан. Директоратот ќе биде раководен од...
Студент од Белгија направи дрон за брза помош
Во Холандија е претставен прототип на беспилотно амбулантно летало, кое во најкраток рок може да пренесе дефибрилатор до пациентите кои претрпеле срцев удар. Со своите шест пропелери, дронот може да постигне брзина од 100 километри на час, а може самостојно да го избере правецот...
Москва и Киев постигнаа договор за испорака на гасот
Русија и Украина вчеравечер во Брисел постигнаа преоден договор за сигурно снабдување на Украина со руски гас до март 2015 година, како и за негов непречен транзит до потрошувачите во Европска Унија. Договорот го потпишале министрите за енергетика на Русија и на Украина, европскиот комесар...
Орбан го повлече предлогот за оданочување на интернетот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека се повлекува предлогот на владата за оданочување на користeњето интернет од идната година. Тој изјави дека во сегашната форма и во вакви услови интернетот не може да се оданочи.
- Протестите го оневозможија воведувањето на данокот. Данокот не може...
Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево
Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што...