fbpx

Ципрас му попушти на Брисел и го изолира Варуфакис

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас направи измени во преговарачкиот тим за грчкиот договор со Брисел и во техничките групи.

Наместо министерот за финансии, Јанис Варуфакис, лидер на преговарачкиот тим ќе биде заменик-министерот за надворешни работи, Евклидис Цакалотос.

Промената предизвикаа реакции дека ова е маргинализирање на Варуфакис и покрена дилема дали чекорот значи постепено исклучување на Варуфакис од директните контакти со европските министри и со Еврогрупата поради честите директни и индиректни непријателски вербални критики врз него од европски функционери и од европските медиуми, особено по последниот состанок на Еврогрупата во Рига.

Според информации од владиниот кабинет, формиран е политички тим за преговори кој ќе има средби и разговори со европските технички групи под палката на Цакалотос. Одлуката била донесена на вчерашната средба во премиерскиот кабинет со согласност и на Варуфакис. Владата ги отфрла шпекулациите за смена на министерот за финансии.

Изутринава весникот „Фајненшал тајмс“ излезе со информација дека европските партнери сакаат да ги избегнат разговорите со Варуфакис, односно да го прескокнат и да имаат подиректни разговори со Ципрас, со кој веруваат дека полесно ќе дојдат до заедничко разбирање и договор.

Малата реконструкција во владиниот преговарачки тим за грчкиот договор уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека можеби се размислува и за исклучување на Варуфакис од владата.

Оваа шпекулација се додава на целиот куп информации што говорат за можна реконструкцја, избори или референдум. Оцените во Грција се дека владата на Ципрас игра со сите расположливи карти, па дури и со заканите за избори за да изврши притисок врз Брисел да се направат отстапки во строгите барања кон Грција. Политичките аналитичари забележуваат дека владата е во многу тешка ситуација, ставена во сендвич меѓу нејзините црвени линии, ветувањата и барањата од народот од една страна и строгите барања од европските партнери од друга страна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...