fbpx
Свет Балкан Страница 209

Балкан

Македонците задоволни од излезноста на локалните избори во Албанија – очекуваат еден градоначалник

Во Албанија денеска се спроведува гласање на локалните избори, кои првпат се организираат според новата административно-територијална поделба, која наместо некогашните 363 општини, има само 61. Освен 61 градоначалник, повеќе од 3,3 милиони гласачи, треба да изберат и 1.595 членови на општински совети. Единствената македонска партија, Македонска...

Путин и Ципрас не разговарале за финансиска помош за Грција

За време на денешните разговори, рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас не разговарале за финансиска помош од Русија за Грција, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Лидерите ја нагласија потребата од соработка на планот на билатералните инвестиции, но во контекст на...

Коѕиас в среда во Скопје

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, в среда ќе допатува во Скопје, на средби со македонскиот политички врв. Македонија ќе биде првата држава што ќе ја посети Коѕиас на неговата мини-турнеја низ Западен Балкан за зацврстување на врските и на соработката на Грција со балканските држави...

Русија и Грција потпишаа спогодба за „Турски тек“

Грција и Русија потпишаа меморандум за продолжување на планираниот гасовод „Турски тек“ во Европа преку територијата на Грција. Рускиот министер за енергетика, Александр Новак, и неговиот грчки колега, Панајотис Лафазанис, потпишаа документ на маргините на економскиот форум во Санкт Петерсбург. Лафазанис вели дека проектот ќе го финансира...

Харадинај останува во Словенија

Судот во Крањ одлучи Рамуш Харадинај да остане во Словенија, имајќи предвид дека судот мора да ја процесира неговата жалба пред да продолжи да го разгледува барањето за екстрадиција на Србија. Судот соопштил дека добил „жалба за начинот на водење на процедурата во врска со...

Ципрас и Путин ќе разговараат за новиот руски гасовод

Среде тензичната клима која владее меѓу Грција и Европа, грчкиот премиер Алексис Ципас денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Енергетските прашања и дилеми за изградбата на нов руски гасовод во Грција, како и можноста за нови руски инвестиции и за соработка...

Ципрас оптимист за решение за Грција на понеделничкиот Самит на ЕУ

Секојдневните сценарија, закани и предупредувања за грчко напуштање на еврозоната не ги уриваат оптимизмот и надежта на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повеќемесечните преговори ќе завршат успешно. Ципрас е оптимист дека следната недела Грција ќе успее да постигне решение, кое ќе ги загарантира нејзината европска иднина,...

Атина не постигна договор со кредиторите

Состанокот на министрите за финансии од еврозоната во Луксембург е завршен вечерва без да се постигне спогодба за грчката должничка криза, јавува британскиот весник „Гардијан“. „На состанокот на еврогрупата не е постигнат договор. На Грција ѝ е испратен силен сигнал сериозно да се вклучи во...

Харадинај пуштен од притвор, но останува во Словенија

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој вчера беше уапсен на љубљанскиот аеродром, е пуштен од притвор по сослушвањето пред истражен судија во Крањ, пренесуваат медиумите. Сепак, Харадинај, мора да остане во Словенија додека не се разјасни дали меѓународната потерница по него...

Унгарија ќе подигне четириметарска ограда на границата со Србија

Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда на својата граница со Србија за да го спречи бранот илегални имигранти што од Србија се обидуваат да влезат во Унгарија, изјави шефот на дипломатијата, Петер Сијарто. - Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои денеска се соочува ЕУ....

Рамуш Харадинај e уапсен во Љубљана

Алијансата за иднината на Косово соопшти дека нивниот лидер, Рамуш Харадинај, е уапсен на љубљанскиот аеродром, врз основа на налогот за апсење што во 2006 година го издадоа властите на Србија. Алијансата бара итно дејство на словенските власти, да дозволат Харадинај да се врати во Приштина,...

Коѕиас оди во посета на Софија

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска заминува за Софија. Коѕиас утре ќе има средби со неговиот бугарски колега Даниел Митов и со претседателот Росен Плевнелиев. Шефот на дипломатијата ќе го посети и бугарскиот парламент, каде ќе има средба со претседателката на собранието, Цецка Цачева,...

Почина Сулејман Демирел, пријателот на Македонија

Поранешниот турски претседател Сулејман Демирел почина во болница во Анкара во 90. година од животот. Должноста претседател на влада од 1965 година до 1993 година ја извршувал во повеќе мандати и беше деветтиот претседател на државата. Турските медиуми јавија дека во болница завршил поради ненадејни...

Ципрас: ЕЦБ и ЕУ сакаат да нè понижат

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се спротистави на обидите на меѓународните кредитори да ја „понижат“ неговата влада и рече дека нивното инсистирање на дополнителни буџетски кратења е политички мотивирано. Ципрас рече дека сака спогодба со која ќе се стави крај на прашањето за излез на...

Грците со нови масовни протести за поддршка на Ципрас

Грчките граѓани масовно се мобилизираат за нов протест за поддршка на владата. На социјалните мрежи се шират голем број покани за повеќе протести и собири за спротиставување на барањата на европските институции и за силна поддршка на премиерот Алексис Ципрас. Под слоганот „Ги преземаме преговорите во...

Опозицијата треба да формира влада во Турција

Опозициските партии во Турција се должни да формираат влада бидејќи тие заедно добија најголем број гласови на парламентарните избори на 7 јуни, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килиџароглу. Според него, „неприфатливо“ е што претседателот Реџеп Таип Ердоган е главен политички фактор...

Ципрас: Нема да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги обвини европските институции за следење сопствени политички цели и агенда против Грција со обидите за воведување нови строги мерки за штедење кои одново ќе го стегнат финансискиот ремен на Грција. По синоќешното фијаско во Брисел и ненадејното заминување на грчките претставници од...

Варуфакис: Грција нема да излезе од еврозоната

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека е исклучено излегувањето на Грција од еврозоната затоа што тоа не би било разумно решение на должничката криза, а во интервјуто за германските медиуми рече дека реконструкцијата на долгот е единствениот пат напред. „Го исклучуваме „грегзит“ како...

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе...

Грција ненадејно ги напушти преговорите во Брисел

Преговорите меѓу Атина и Брисел повторно удрија во ѕид. Грчкиот преговарачки тим ненадејно ја напушти преговарачката маса и се враќа назад во Грција без да биде постигнат конечен договор со европските кредитори. Според информациите, двете страни остануваат на своите црвени линии, а со тоа големи се разликите...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...