fbpx

Почина Сулејман Демирел, пријателот на Македонија

-

Поранешниот турски претседател Сулејман Демирел почина во болница во Анкара во 90. година од животот. Должноста претседател на влада од 1965 година до 1993 година ја извршувал во повеќе мандати и беше деветтиот претседател на државата.

Турските медиуми јавија дека во болница завршил поради ненадејни респираторни проблеми, но лекарите не успеале да го спасат.

Демирел го обележа бурниот период на турската државност, а во политикате беше речиси половина век, успевајќи да се врати на врвот на власта по неколкуте државни удари и тешките економски кризи.

Демирел беше голем пријател на Македонија.

Турција, во неговиот мандат стана втората држава, после Бугарија, која ја призна Македонија под уставното име.

Уште во декември 1991 година само три месеци по прогласувањето на независноста на Македонија, премиерот на Турција, Сулејман Демирел,во интервју со Ерол Ризаов за „Нова Македонија“ изјави дека Турција прва ќе ја признае независноста на Македонија.

Оваа вест е објавена во декември 1991 година во сите македонски медиуми, а преку агенциите во целиот свет. Ризаов вели дека ја издиктирал од дневната соба на Демирел.

Сепак Турција „задоцни“ со признавањето, односно испушти да биде прва, поради ставот на Демирел дека за ова сака во четири очи да го извести Мицотакис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...