Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда на својата граница со Србија за да го спречи бранот илегални имигранти што од Србија се обидуваат да влезат во Унгарија, изјави шефот на дипломатијата, Петер Сијарто.

– Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои денеска се соочува ЕУ. Земјите од ЕУ бараат решение за овој проблем, но Унгарија не може да си дозволи да чека – рече Сијарто.

Станува збор за граница долга 175 километри, а „министерот за внатрешни работи доби наредба да го направи тоа“, додаде унгарскиот шеф на дипломатија.