fbpx
Свет Балкан Страница 210

Балкан

Врховен суд на Грција: Пензиите незаконски се намалени во 2012 година

Врховниот суд во Грција вчера пресуди дека владата треба да ја укине одлуката за намалување на пензиите во приватниот сектор од 2012 година, која била донесена во рамки на мерките за штедење договорени со меѓународните доверители. Одлуката е спротивна на грчкиот закон и на Европската...

Грчката драма продолжува до 18 јуни

Целодневната грчка драма во Брисел, шпекулациите за незакажана, а најавена средба со Ангела Меркел и со Франсоа Оланд, информациите дека Грција побарала деветмесечно одложување на договорот финишираа без нови детали и без некаков конкретен резултат. Брканиците на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка,...

Двајца повредени во експлозија во Белград

Две лица биле повредени во експлозија на бомба поставена под џип во белрадската населба Банево Брдо, пренесуваат српските медиуми. Од силната експлозија, возачот на џипот излетал од возилото. Иако првичните информации беа дека во експлозијата едно лице го загубило животот, сепак од итната медицинска помош дополнително...

Уапсен поранешниот командант на босанската војска, Насер Ориќ

Швајцарската полиција денеска, на аеродромот во Берн, го уапсила поранешниот воен командант на одбраната на Сребреница, Насер Ориќ, врз основа на меѓународната потерница што под сомнеж за извршени воени злосторства, по него ја распиша Србија, пренесуваат српските и босанските медиуми. Неговата адвокатка Васвија Видовиќ го...

Нападната православна црква во Истанбул

Православна црква во Истанбул синоќа е нападната со молотов коктел, јавуваат турските медиуми. На интернет се појави снимка на која е се гледа маж, како на арапски јазик извикува „Алах е голем“, по што го фрла молотовиот коктел кон црква во квартот Кадкој. Влезната врата...

Јахјага: Речникот на Николиќ за Косово е враќање на старата реторика

Кабинетот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, денеска соопшти дека речникот што претседателот на Србија, Томислав Николиќ, го користел на собирот во Будва, претставува враќање на старата позната реторика. Николиќ во Будва, на маргините на Самитот на лидерите на процесот Брод-Бриони, според пишувањата на „Вечерњи новости“,...

Земјотрес го затресе Крит – нема жртви

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа источно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичката опсерваторија во Атина. Засега нема информации за жртви, ниту дали земјотресот причинил значителна материјална штета. Епицентарот бил во морето, на 29 километри јужно од малиот остров...

Тодор Петров – учесник во кампањата за локалните избори во соседна Албанија

Претседателот на Светски македонскиот конгрес, Тодор Петров, директно учествува во кампањата за престојните локални избори во соседна Албанија. Петров, вчера, во селото Горна Горица, Мала Преспа, говореше на преставувањето на програмата на Македонска алијанса за европска интеграција за локалните избори и на кандидатот за градоначалник...

Ердоган ја прифати оставката на Давутоглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прифати оставката на премиерот Ахмет Давутоглу, по парламентарните избори кои во неделата се одржаа во Турција, но ќе продолжи да ја извршува функцијата сè до формирањето на новата влада, соопштија од кабинетот. Давутоглу се сретна со Ердоган во претседателскиот...

ЕУ: Предлозите на Атина не се доволни

Новиот предлог за реформи што грчките власти го доставиле до меѓународните кредитори не е доволен за да се постигне договор за уплата на новите средства за земјата, соопштија денеска претставници на ЕУ. - Тоа што е доставено не е доволно за да тргне процесот напред - соопшти неименуван...

Земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, утринава ја потресе Атина, но засега нема информации за жртви или материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој се случил околу 4 часот, бил во заливот меѓу островот Евија и...

Откриен споменик на цар Самоил во Софија, очите, сепак, нема да му светат

Со почесна гарда и со биење на камбаните на храмот „Александар Невски“, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска во центарот на Софија го откри споменикот на цар Самоил. - Света должност и историска одговорност на секој народ е да го одржи во живот сеќавањето на своите...

Пад на турската берза и на валутата по парламентарните избори

Истанбулската берза утринава, веднаш по отворањето, забележа пад од шест отсто, додека турската валута регистрирала благ пад по парламентарните избори во земјата, каде владејачката Партија на правда и развој (АКП) по 13 години владеење го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот. Индексот на берзата паднал за...

Продолжува грчкиот трилер и заканите за избори

Нови клучни средби со клучни европски функционери ја очекуваат грчката влада оваа недела. Во тркa со времето, грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, денеска ќе се сретне со неговиот строг германски колега, Волгфанг Шојбле. Два дена подоцна, в среда, Алексис Ципрас ќе се соочи...

Тепачка на изборите во Турција – 15 повредени

Петнаесет лица денеска се повредени во тепачка која изби меѓу активисти на две различни партии пред избирачко место во турската провинција Шанљурфа. Како што јавуваат локалните медиуми, расправијата почнала на избирачкото место, а потоа продолжила надвор од објектот, каде ескалирала во физичка пресметка. Полицијата соопшти дека при...

Парламентарни избори во Турција

Во Турција утринава се отворени избирачки места на кои граѓаните на земјата ќе гласаат за новиот состав на парламентот. Овие избори се важен тест за партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, чија желба да го измени уставот и да добие поголеми претседателски овластувања би...

Мур: Повикот на ИД за балканците нема да влијае врз иднината на регионот

Повикот на Исламска држава, муслиманите од Балканот да се приклучат кон борбата на организацијата, не е прифатлив за народот и не може да влијае на иднината на регионот, изјави шефот на мисијата на ОБСЕ во БИХ, Џонатан Мур. - Оваа порака не е прифатлива, не...

Романскиот премиер осомничен за корупција

Романското обвинителство покрена истрага против премиерот Виктор Понта, за наводна вмешаност во фалсификување, перење пари, конфликт на интереси и во затајување данок. Локалните медиуми јавуваат дека премиерот утринава бил забележан како влегува во канцеларијата на Обвинителството задолжено за борба против корупција. Јавните обвинители изминатите месеци спроведоа серија...

Папата Франциск: БИХ има особено значење за Европа и за светот

Сараево, баш како и Босна и Херцеговина, има особено значење за Европа и за целиот свет, изјави денеска папата Франциск по состанокот со членовите на Претседателството на БИХ. Папата денеска пристигна во еднодневна посета на Босна и Херцеговина, а државниот врв го пречека лидерот на Римокатоличката...

„Катимерини“: Спорот за името привремено оди во фиока

Средбата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, со вицепремиерот Фатмир Бесими, дел од грчките медиуми ја протолкуваа како отворање на грчката влада кон албанскиот фактор. Грчкиот весник „Катимерини“ оценува дека средбата била обид да се скрши мразот со македонската влада, но и да се...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...