fbpx

Рамуш Харадинај e уапсен во Љубљана

-

Алијансата за иднината на Косово соопшти дека нивниот лидер, Рамуш Харадинај, е уапсен на љубљанскиот аеродром, врз основа на налогот за апсење што во 2006 година го издадоа властите на Србија.

Алијансата бара итно дејство на словенските власти, да дозволат Харадинај да се врати во Приштина, наведувајќи дека српскиот налог за Харадинај е неважечки.

Хашкиот суд го ослободи Рамуш Харадинај од одговорноста за обвиненијата за воени злосторства над албанските, српските и над ромските цивили во логорот на ОВК на Јабланица во 1998 година.

Конечната ослободителна пресуда е донесена во ноември 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...