Харадинај останува во Словенија
јуни 19, 2015
Судот во Крањ одлучи Рамуш Харадинај да остане во Словенија, имајќи предвид дека судот мора да ја процесира неговата жалба пред да продолжи да го разгледува барањето за екстрадиција на Србија. Судот соопштил дека добил „жалба за начинот на водење на процедурата во врска со уапсениот државјанин на Косово“, јави агенцијата СТА.