fbpx

И по осум века начелата од Магна карта се пример за слободарските права на граѓаните

-

На Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа Меѓународна конференција по повод 800 години од донесувањето на документот Магна карта, првиот англиски уставен документ со кој биле загарантирани правата на граѓаните. На конференцијата присуствуваа Амбасадорите на САД и на Велика Британија, Џес Бејли и Чарлс Едмунд Гарет. И двајцата во своите говори истакнаа дека документот е првиот чекор кон воспоставување парламентарна демократија.

– Оваа Магна карта е многу значајна за САД. Секоја модерна демократија е поврзана со неа. Таа е ниесцрпен извор за владеење на правото, водечки принцип дека никој не е над законот – изјави американскиот амбасадор Џес Бејли

Министер за правда, Аднан Јашари, изјави дека дел од принципите и од начелата на документот Магна карта сè уште се имплементираат во правниот систем во Македонија.

– Задоволство е денеска да бидам присутен на овој настан, на 800-годишнината од Магна карта. Ние се обидуваме да се имплементираат некои принципи од Магна карта во нашиот систем – рече министерот Аднан Јашари.

Универзитетскиот професор Ветон Љатифи, пак, додаде дека и Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува со имлеентација на начелата на Магна картата, докажувајќи го тоа со спроведување разни конференции за правата на граѓаните.

Магна карта, првично изработена како мировен документ, ја донел англискиот крал Џон. Подоцна од повеќе земји е земен како пример за слободарските права на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...