fbpx

Ципрас и Путин ќе разговараат за новиот руски гасовод

-

Среде тензичната клима која владее меѓу Грција и Европа, грчкиот премиер Алексис Ципас денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Енергетските прашања и дилеми за изградбата на нов руски гасовод во Грција, како и можноста за нови руски инвестиции и за соработка на полето на транспортот се очекува да бидат главна тема на разговорите на маргините на Светскиот економски форум во Санкт Петерсбург.

Средбата се прогнозира да биде можност за засилување и за интензивирање на грчко-руската соработка и разбирање. Грција и Русија традиционално имаат добри и силни политички, економски и културни врски и Ципас ќе се обиде тоа уште повеќе да го продлабочи при оваа посета.

Атина се надева со сигурност денеска да се потпише договор меѓу двете влади за енергетска соработка и за учество на Атина во новиот план на Русија за изградба на гасоводот „Турски тек“, кој од Турција преку Грција би продолжил потоа на Балканот. Грчките медиуми оценуваат дека во моментов грчката влада е најсилен поддржувач на идејата за овој руски гасовод и покрај силните реакции и противења од европска страна, но и покрај неизвесната поддршка на проектот поради проблемите во Македонија и двоумењето на Србија и поради тоа бара некаква гаранција од Русија дека има сериозна намера да го оствари проектот.

Во духот на поддршката на посилна енергетска соработка, Ципрас и министерот за енергетика, Панајотис Лафазанис, веќе се сретнаа со првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер. Шпекулациите во Атина се дека грчката влада се надева на некаков депозит од руска страна, но дека изгледите за тоа се речиси еднакви на нула.

Изгледите за директна руска финансиска помош не се големи по рускиот демант на информациите дека Русија се подготвува да ѝ понуди парична помош на Грција, како и нивната изјава дека грчката страна тоа никогаш и не го побарала.

Посетата во Русија се очекува да отвори и дискусија за можното учество на Грција во развојната банка на државите од БРИКС, бидејќи, како што се слуша од грчка страна, Лафазанис веќе подготвува апликација за учество во банката и потпишување меморандум за соработка.

Заедно со Ципрас во Русија е и голема делегација претставници од државниот и од приватниот сектор, кои ќе остварат состаноци со руски бизнисмени и со компании за да ги испитаат можностите за интензивирање на економската соработка меѓу двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...