Ципрас: Нема да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена

-

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ги обвини европските институции за следење сопствени политички цели и агенда против Грција со обидите за воведување нови строги мерки за штедење кои одново ќе го стегнат финансискиот ремен на Грција.

По синоќешното фијаско во Брисел и ненадејното заминување на грчките претставници од преговарачката маса, по обидот да се наметнат мерки за намалување на пензиите и за пораст на ДДВ за одредени услуги, како електричната енергија, грчкиот премиер во изјава за „Весник на уредниците“ најави дека Грција нема да ги прифати овие мерки и трпеливо ќе чека ЕУ да пристапи реалистично кон преговорите.

„Инсистирањето на институциите за нови намалување на пензиите по пет години крадење на народот од меморандумите за штедење може да се оцени само како раководење по политички цели“, изјави Ципрас.

Грчкиот премиер испрати предупредување до европските институции да не направат грешка, да ја смешаат грчката искрена волја за решение со грчка слабост. Посочи дека на својот грб грчката влада не ги носи само тешките борби за решавање на кризата, туку и достоинството на грчкиот народ и надежта на сите европски народи, товар кој не може туку така да се игнорира.

„Ова е прашање на демократија. Немаме право да ја закопаме европската демократија во местото каде е родена“, истакна Ципрас во изјава за весникот.

Неговата десна рака за финансиски прашања, министерот Јанис Варуфакис, пак, во интервју за германскиот весник „Билд“, вели дека договор може да се постигне за една вечер ако на самото место на преговорите се појави канцеларката Ангела Меркел. Варуфакис беше дециден дека грчката влада сака да избегне грчки излез од еврозоната и не смета дека тоа би решило кој било од проблемите.

„Идејата за излез од еврозоната не е разумно решение, но не можам да исклучам ништо, како што не можам да ја исклучам ни теоријата дека еден ден комета ќе удри во Земјата“, вели Варуфакис за „Билд“.

Грчкиот министер објаснува дека реструктуирање на грчкиот долг би ѝ помогнал на Грција да може да го исплати долгот. Според Варуфакис, потпишувањето на договорот онаков каков што го имаат напишано кредиторите ќе биде почеток на деградација и распадот на ЕУ, која за него од унија на народите полека станува унија на кредитори и на позајмувачи, што ја уништува основната идеја која постои за ЕУ.

М.П.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...