fbpx

Коѕиас оди во посета на Софија

-

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска заминува за Софија. Коѕиас утре ќе има средби со неговиот бугарски колега Даниел Митов и со претседателот Росен Плевнелиев.

Шефот на дипломатијата ќе го посети и бугарскиот парламент, каде ќе има средба со претседателката на собранието, Цецка Цачева, а ќе се сретне и со Советот на грчки бизнисмени во Бугарија и со Советот на Здружението за демократска организација за образование и култура.

Од грчкото министерство за надворешни работи информираат дека посетата доаѓа по покана од бугарска страна.
Коѕиас пред извесно време најави дека планира да ги зацврсти врските на Атина со Софија и со Букурешт за да се создаде силен трилатерален сојуз кој ќе има единствени позиции во рамки на ЕУ во врска со Западен Балкан и здружено ќе може помоќно да настапи по овие прашања и теми кога ќе се разговара за интеграцијата на балканските држави во европското семејство. За реализирање на оваа идеја за сојуз, Коѕиас планира и трилатерална средба меѓу Грција, Бугарија и Романија. Грчкиот министер ја спомена идејата за вакво здружување забележувајќи дека големите европски сили последниве години ги заобиколуваат Грција, Бугарија и Романија и самостојно дејствуваат во однос на Западен Балкан. За пример го посочи Самитот за Западен Балкан во август минатата година во Берлин, каде освен балканските држави не беше повикана ниту Грција ниту Бугарија, кои имаат отворени прашања и разлики со држави како Македонија и Албанија.

Посетата на Софија доаѓа кусо пред турнејата на Коѕиас низ Балканот, која се очекува да се реализира на крајот на јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...