fbpx

Коѕиас в среда во Скопје

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, в среда ќе допатува во Скопје, на средби со македонскиот политички врв. Македонија ќе биде првата држава што ќе ја посети Коѕиас на неговата мини-турнеја низ Западен Балкан за зацврстување на врските и на соработката на Грција со балканските држави и за одржување на регионалната стабилност.

Коѕиас се очекува во Скопје да одржи детални разговори за мерките за градење доверба, дискусијата за сите билатерални прашања, разговори околу спорот за името, засилување на економската соработка. Грчкиот шеф на дипломатијата при неодамнешната средба во Атина со македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Бесими, изјави дека се надева договорите околу мерките за градење доверба да финишираат и во Скопје да бидат целосно обелоденети мерките кои се однесуваат на подобра економска, техничка и културна соработка, како отворање нов граничен премин, договор за воспоставување железничка врска со Битола, договор за избегнување на двојното оданочување, поголема културна и образовна соработка.

Грчкиот министер ќе дојде во Скопје со добра волја за соработка, но и со остриот став дека за да се направи напредок во преговорите за името и за да се подобрат билатералните врски, неопходно е македонската влада да заборави на иредентистичките тенденции. Коѕиас овој став го повтори и при вчерашната посета на Софија, каде истакна дека од Македонија очекува почитување на меѓународното право.

„Ја почитуваме историја, учиме од неа, но не сме заглавени и затворени во историјата. Треба да постои почитување на меѓународното право. Имаме поднесено предлози и имаме направено компромиси, но некои треба да се ослободат од својот иредентизам“, истакна Коѕиас во Софија, додавајќи дека се надеваат македонската влада да направи реалистични и попрагматични чекори.

Коѕиас во Скопје ќе пристигне од Луксембург, каде в понеделник и во вторник ќе учествува на Советот за надворешни работи и на Советот за општи работи на ЕУ, на кој ќе се прават подготовки за Самитот на ЕУ на 25 и на 26 јуни, а на кој се очекува да се усвојат заклучоци за ситуацијата во Македонија. За време на посетата на Луксембург, Коѕиас ќе учестува и на работен ручек со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун.

Од Скопје, Коѕиас ќе замине за Белград, а следната станица ќе биде Подгорица. Иако се очекуваше да ги посети и Тирана и Приштина, во официјалната програма нема најава за посета на Албанија и на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...