fbpx

ЗНМ: Отпуштањата во МПМ се смислен удар врз професионалното новинарство

Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во медиумите во сопственост „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство. „Отпуштањето на 20 вработени од „Медиа принт Македонија“, од кои мнозинство новинари од дневниот весник „Вест“, претставува смислен удар врз професионалното...

Груевски: Сега ќе се види колку обвинувањата од опозицијата за фантомски гласачи биле реални

Сега ќе се види колку обвинувањата од опозицијата за фантомски гласачи биле реални, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за прочистувањето на избирачкиот список. - Прво го слушавме СДСМ како зборува дека има 500.000 фантомски гласачи во Македонија, потоа намалија на 330.000, па намалија...

ДИК го објави списокот на 39.502 спорни гласачи

Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот со имињата и со презимињата на 39.502 гласачи кои се сметаат за спорни. Овие лица ќе имаат рок од 25 дена да се пријават во ДИК и да се запишат во избирачкиот список. Освен на официјалната...

Скопје ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 26 јули 1963 година, а во кој животите ги загубија 1.070 луѓе и 3.000 беа повредени. По повод одбележувањето на годишнината, делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците Драган Данев, Владанка Авировиќ и...

Спорните гласачи ќе можат да се пријават во ДИК од денеска до 19 август

Државната изборна комисија денеска на својата веб-страница ќе ги објави имињата и презимињата на спорните 39.502 гласачи и тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на избирачкиот список, одлучи Комсијата на денешната седница. Запишувањето ќе се врши лично, со приложување на важечка...

Четиригодишно дете со нилска треска примено на Клиниката за детски болести

Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на западнонилска треска било примено на Клиниката за детски болести. Од Клиниката велат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица. Вирусот кај детето не оставил посериозни компликации,...

Јолевски во ОН: Размислуваме да го зголемиме учеството на АРМ во мировни операции

Министерството за одбрана размислува за зголемување на учеството на Армијата на Република Македонија (АРМ) во мировните операции, истакнал министерот за одбрана, Зоран Јолевски, за време на посетата на седиштето на Обединетите нации во Њујорк, односно одделот за мировни опарации. Домаќин на Јолевски, како што информираат...

Жерновски повикан во СЈО за „Скопје 2014“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник треба да дојде во Специјалното јавно обвинителство, каде ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП Мал Ринг, соопштија од Општина Центар. - Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот...

Германска полиција: Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети

Нападот во Минхен е дело на поединец, 18-годишен маж кој вчера во попладневните часови отвори оган пред еден ресторан, а потоа и во трговскиот центар Олимпија во Минхен, смета германската полиција. Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети, а убиецот потоа се самоубил, потврди...

Во Минхен прогласена вонредна состојба, сè поголем е бројот на жртви

Најмалку шест лица се убиени при пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, а градските власти прогласија вонредна состојба. Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно пукања имало на уште две други локации во градот. Полицијата потврди дека шест лица се убиени, а повеќе од 10 се ранети, како и...

Обвинителството отворило истрага за случајот со невестата со пушка вработена во МВР

Надлежно јавно обвинителство отворило истрага за случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, од која, пред неколку дена, опозацискиот СДСМ објави фотографии на кои се гледа како таа пука од автоматска пушка на својата свадба, соопшти денеска Јавното обвинителство. Иако во...

Датуми и рокови: Визуелизација на договорот од 20 јули

Договорот што вчера го постигнаа претставниците на четирите најголеми политички партии има неколку клучни датуми и неколку рокови кои треба да се исполнат за да можат лидерите на партиите до 31 август да имаат лидерска средба и да договорат датум за избори и формирање преодна влада.

Што договорија партиите: Нов уредник на МТВ, ад хок тело за медиуми и поддршка за СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Македонија на својата веб-страница го објави договорот што го постигнаа четирите политички партии. Во договорот се вели дека партиите се согласија измените на Изборниот законик да почнат да се применуваат од 22 јули. Според него, 171.500 лица ќе бидат ставени на дополнителен...

Во акцијата „Којот“ осомничени и полицајци од СВР Велес

Во акцијата „Којот“, што утрово ја спроведоа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, била разбиена криминална група, од која дел биле полицајци вработени во СВР Велес. Членови на групата се товарат за злосторничко...

Обвинителството и МВР утринава ја спроведуваат акцијата „Којот“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран кримининал и корупција заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, од одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, утрово спроведува голема акција, под кодно име „Којот“. Во акцијата, како што информираат од Обвинителството, се гони организирана криминална група,...

Македонија издаде еврообврзница во вредност од 450 милиони евра

Македонија денеска ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5,625 отсто годишно и со рочност од седум години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, соопшти Министерството за финансии. „Доколку ги немаше злонамерните опструкции...

Еврообврзницата вторпат понудена на продажба

По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа вторпат е понудена на продажба, јавува „Ројтерс.“ Пред пет дена, Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ преку писмо до банките гаранти ја оспори легалноста на постапката. Во писмото било...

МЕПСО и ЕВН апелираат земјоделците да внимаваат како ја поставуваат опремата

Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и особено да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација. Од компанијата препорачуваат земјоделците да не поставуваат...

Герила-акција пред домот на Бејли: „Граѓаните ќе ја решат кризата!“

Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе...

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...