fbpx

Јолевски во ОН: Размислуваме да го зголемиме учеството на АРМ во мировни операции

Министерството за одбрана размислува за зголемување на учеството на Армијата на Република Македонија (АРМ) во мировните операции, истакнал министерот за одбрана, Зоран Јолевски, за време на посетата на седиштето на Обединетите нации во Њујорк, односно одделот за мировни опарации. Домаќин на Јолевски, како што информираат...

Жерновски повикан во СЈО за „Скопје 2014“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник треба да дојде во Специјалното јавно обвинителство, каде ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП Мал Ринг, соопштија од Општина Центар. - Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот...

Германска полиција: Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети

Нападот во Минхен е дело на поединец, 18-годишен маж кој вчера во попладневните часови отвори оган пред еден ресторан, а потоа и во трговскиот центар Олимпија во Минхен, смета германската полиција. Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети, а убиецот потоа се самоубил, потврди...

Во Минхен прогласена вонредна состојба, сè поголем е бројот на жртви

Најмалку шест лица се убиени при пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, а градските власти прогласија вонредна состојба. Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно пукања имало на уште две други локации во градот. Полицијата потврди дека шест лица се убиени, а повеќе од 10 се ранети, како и...

Обвинителството отворило истрага за случајот со невестата со пушка вработена во МВР

Надлежно јавно обвинителство отворило истрага за случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, од која, пред неколку дена, опозацискиот СДСМ објави фотографии на кои се гледа како таа пука од автоматска пушка на својата свадба, соопшти денеска Јавното обвинителство. Иако во...

Датуми и рокови: Визуелизација на договорот од 20 јули

Договорот што вчера го постигнаа претставниците на четирите најголеми политички партии има неколку клучни датуми и неколку рокови кои треба да се исполнат за да можат лидерите на партиите до 31 август да имаат лидерска средба и да договорат датум за избори и формирање преодна влада.

Што договорија партиите: Нов уредник на МТВ, ад хок тело за медиуми и поддршка за СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Македонија на својата веб-страница го објави договорот што го постигнаа четирите политички партии. Во договорот се вели дека партиите се согласија измените на Изборниот законик да почнат да се применуваат од 22 јули. Според него, 171.500 лица ќе бидат ставени на дополнителен...

Во акцијата „Којот“ осомничени и полицајци од СВР Велес

Во акцијата „Којот“, што утрово ја спроведоа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, била разбиена криминална група, од која дел биле полицајци вработени во СВР Велес. Членови на групата се товарат за злосторничко...

Обвинителството и МВР утринава ја спроведуваат акцијата „Којот“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран кримининал и корупција заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, од одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, утрово спроведува голема акција, под кодно име „Којот“. Во акцијата, како што информираат од Обвинителството, се гони организирана криминална група,...

Македонија издаде еврообврзница во вредност од 450 милиони евра

Македонија денеска ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5,625 отсто годишно и со рочност од седум години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, соопшти Министерството за финансии. „Доколку ги немаше злонамерните опструкции...

Еврообврзницата вторпат понудена на продажба

По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа вторпат е понудена на продажба, јавува „Ројтерс.“ Пред пет дена, Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ преку писмо до банките гаранти ја оспори легалноста на постапката. Во писмото било...

МЕПСО и ЕВН апелираат земјоделците да внимаваат како ја поставуваат опремата

Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и особено да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација. Од компанијата препорачуваат земјоделците да не поставуваат...

Герила-акција пред домот на Бејли: „Граѓаните ќе ја решат кризата!“

Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе...

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според...

Брисел загрижен дека Турција ја злоупотребува ситуацијата по обидот за државен удар

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денеска ја предупреди турската влада да не презема мерки што ќе го нарушат уставниот поредок во земјата по неуспешниот обид за воен удар во петокот. - Ние бевме првите кои во таа трагична ноќ кажавме дека...

Николовски: Ревизорот откри сомнителни 3 милиони евра за чистење канали

Власта на Груевски не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали, изјави на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на извршниот одбор...

МНР: Македонските граѓани во Турција се безбедни

Македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин, информираат од Министерството за надворешни работи. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, остварил телефонски разговор со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу, кој...

Јилдирим: Во обидот за пуч загинаа 161 лице, 1.440 се повредени, 2.839 се уапсени

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција утринава во Анкара изјави дека во обидот за државен удар загинале 161 лице, а 1.440 се ранети. Тој истакна дека сепак овие бројки засега не се финални. Според неговите зборови, 2.839 припадници на војската се уапсени и ситуацијата сега...

90 загинати, 1.150 повредени и 1.563 уапсени по обидот за пуч во Турција

Најмалку 90 лица загинаа во обидот за државен удар во Турција, а повеќе од 1.150 се повредени. Уапсени се повеќе од 1.563 војници кои учествувале во синоќешниот пуч, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен претставник на власта. Борбите продолжуваат и утринава, а силни експлозии се...

Најмалку 40 загинати и 754 уапсени во обидот за државен удар во Турција

По цела ноќ на експлозии, пукањe и тенкови низ улиците, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска рано наутро објави дека обидот за воен удар е готов и дека владата ја има контролата. Сепак, во Анкара и во Истанбул владее хаос и сè уште се...

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...