fbpx

Жерновски повикан во СЈО за „Скопје 2014“

-

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник треба да дојде во Специјалното јавно обвинителство, каде ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП Мал Ринг, соопштија од Општина Центар.

– Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“ – се вели во соопштението на општина Центар.

Тие потсетуваат дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Ценар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски изветштаи за проектот „Скопје 2014“, кои констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.

Ревизорските извештаи Општина Центар во 2013 година ги достави и во Јавното обвинителство.

– Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува почнувањето на правната разврска. Градоначалникот Жерновски се надева дека со формирањето и со работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект „Скопје 2014“ – велат од Општината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...