fbpx

ДИК го објави списокот на 39.502 спорни гласачи

-

Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот со имињата и со презимињата на 39.502 гласачи кои се сметаат за спорни. Овие лица ќе имаат рок од 25 дена да се пријават во ДИК и да се запишат во избирачкиот список.

Освен на официјалната веб-страница на ДИК, списокот е објавен и во подрачните одделенија на ДИК и во месните канцеларии на Министерството за правда, односно Управата за водење матични книги.

Пријавувањето ќе се врши лично, со лична карта или пасош, во ДИК или во подрачните одделенија и во дополнителните одделенија на ДИК секој ден од 8.30 до 19 часот од денеска до 19 август.

По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.

Освен лично, пријавување ќе се врши и преку посебна електронска апликација поставена на веб-страница на ДИК, на која треба да се прикачи скенирана фотографија од лична карта или пасош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...