fbpx

Иванов утре во посета на јужната граница

-

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, утре во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), генерал-полковник Методија Величковски, ќе ги посети припадниците на армијата, ангажирани на јужната граница, соопштија попладнево од Генералштабот на АРМ.

Како што информираат оттаму, Иванов за време на посетата ќе се запознае со актуелната ситуација во обезбедувањето на државната граница и „тактичките мерки и процедури“ што ги спроведува АРМ во спречувањето нелегални минувања на јужната граница.

„Во рамки на активноста ќе се реализира и посета на еден од сместувачките капацитети на припадниците на АРМ во Богданци, каде на врховниот командант ќе му биде презентирана моменталната безбедносна состојба на јужната граница во реонот на одговорност на силите на АРМ, а посетата ќе заврши со заеднички ручек со припадниците на АРМ“, стои во соопштението од Генералштабот на АРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...