fbpx

Герила-акција пред домот на Бејли: „Граѓаните ќе ја решат кризата!“

-

Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата!“.

Од граѓанскиот сектор, пак, побараа претставниците на граѓаните да бидат вклучени во преговорите.

– Преговорите се одвиваат без учество на граѓаните, кои не знаат што се случува зад затворени врати. Бараме да бидеме присутни, но не бараме да одлучуваме, туку да бидеме таму за да ги известуваме граѓаните, да го надгледуваме процесот и да нудиме алтернативни решенија. Политиката не им припаѓа само на партиите, туку му припаѓа на граѓанинот – рече Петрит Сарачини, граѓански активист.

Претставниците на невладиниот сектор порачаа дека доколку партиите одлучат нешто што е на штета на граѓаните, ќе бидат порадикални, но тоа не значи дека ќе бидат насилни.

– Политичките партии мора да разберат дека ако одлучат нешто што не ни се допаѓа, ќе излеземе помасовно и порадикално. Граѓаните излегоа на улица помасовно затоа што партиите одбија да ги слушнат – вели професорката Мирјана Најчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...