ЗНМ: Отпуштањата во МПМ се смислен удар врз професионалното новинарство

-

Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во медиумите во сопственост „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство.

„Отпуштањето на 20 вработени од „Медиа принт Македонија“, од кои мнозинство новинари од дневниот весник „Вест“, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и врз слободата на медиумите. По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите откази, менаџментот се пресметува со новинарите основачи на весникот кои не дозволуваат да се злоупотреби новинарството заради интересите на власта. Откако новиот уреднички тим не успеа да го искористи старото руво на „Вест“ за да се протурат ставови на власта, менаџментот реши да го умртви весникот“, стои во соопштението на ЗНМ.

Од здружението истакнуваат дека МПМ може да се справи со кризата само доколку не врши партизација на уредувачката политика.

„Со откази менаџментот на компанијата не ги решава причините за кризата. Тие не треба да ги бараат кај основачите на весникот, кои од „Вест“ направија најчитан весник во Македонија, туку во новата уредувачка политика, која весникот го претвори во навивач на власта. Во светот сè уште не е смислен успешен медиумски бизнис-модел кој е заснован на партизирано новинарство. МПМ е типичен пример како медиумите се користат како монета за поткусурување за задоволување на интересите на нивните сопственици и на власта. Само во недемократски земји, медиумите се жртвуваат заради клиентелистичките односи на политиката и на бизнисот“, велат од ЗНМ.

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото...