fbpx
Македонија Страница 1759

Македонија

Вчера низ Македонија поминале 3.000 мигранти

Утрово од железничката станица во Гевгелија кон Табановце заминал првиот специјален воз со околу 500 бегалци кои беа пристигнати во текот на ноќта. Денеска кон северната граница треба да заминат три воза. Следниот, по околу еден час, ќе биде поставен на платформата кај прифатниот камп. Во...

Изгаснат пожарот во Велешко, гори шума во Зелениково

Синоќа по полноќ е локализиран пожарот кај велешкото езеро Младост, а денеска се работи на негово целосно гаснење. Како што информира утрово Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот избувна вчера во 14.15 часот, зафати насади од борова шума и се ширеше со голем интензитет. Во гаснењето...

Скопската обиколница ќе биде затворена до 28 септември поради снимање филм

Од утре до 28 сепетември, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај секој работен ден од 7 до 19 часот, од клучката кај Хиподром до клучката во Сарај, поради снимање на францускиот игран филм „2015 A Fond“, информира Автомото-сојузот на Македонија. Оттаму посочуваат дека на...

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и на ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени,...

Судот ги прогласи за неважечки снимките и доказите од „бомбите“

Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги прогласи за неважечки доказите, односно аудиоснимките од прислушуваните разговори што СДСМ ги поднесе во прилог на кривичните пријави против Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протоѓер, Тони Трајковски и...

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската комисија го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, рече дека сега е време Собранието да почне да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја. - Ние го поздравуваме фактот дека опозицијата сега е вратена во Собранието. Знаете...

„Средношколски пленум“: И оваа година ќе се бориме против лошите реформи

Неколку стотини средношколци се собраа на првиот школски ден пред Министерството за образование и наука, во Паркот на новинарите, да дискутираат за нивните идни планови и стратегии во борбата против, како што велат, лошите реформи во образованието. Од „Средношколски планум“ велат дека нивните активности ги...

„Цивил“: Македонија не може да си дозволи изборна кражба

„Да се обезбеди модел и систем за спроведување избори кои во целост ја отсликуваат волјата на гласачите. Не смееме да дозволиме злоупотреба на власта и кршење на човековите права и слободи. Македонија, не може да си дозволи изборна кражба“. Ова е ставот на граѓанската организација...

Во Штип 14 семејства втор ден се без струја

Втор ден без струја се 14 семјества кои живеат како потстанари во државната зграда во штипската населба 8 Ноември. Станарите сметките за струја уредно ги платиле, меѓутоа дистрибутивната компанија ја исклучила зградата од системот од безбедносни причини. До прозорците висат електрични кабли што лесно...

Груевски: Време е опозицијата да си ја заработи платата

Доста беше, време е опозицијата да си ја заработи платата, изјави премиерот Никола Груевски по повод денешното враќање на опозицијата во Собранието. - Доста беше, 15 месеци земаа плата. Во Македонија нема човек што може такво нешто да добие. Доста беше. Време е тие да почнат...

Димовски: Нема да дозволиме Собранието да биде орган за интересите на СДСМ

Во Собранието на Република Македонија се донесоа низа значајни закони и одлуки кои се од директен интерес на граѓаните, додека пратениците од СДСМ не работеа, истакна денеска Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пред доаѓањето на пратениците од СДСМ во Собранието. - Република...

Градоначалникот Заев им го честиташе првиот училишен ден на првачињата

„Овој миг го заслужувате бидејќи вие сте гордоста и иднината на Струмица и на Македонија, вие сте тие во кои гледаме со надеж и во кои веруваме“. Вака градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, им го честиташе првиот училишен ден на првачињата на свечената програма, која...

Заев: Ако не се избере специјален обвинител до 15 септември, Договорот од Пржино нема да биде валиден

На 28 мај лани, од ова место порачав дека Никола Груевски мора да ја преземе одговорноста за криминално спроведените избори, изјави на денешната прес-конференција пред портите на законодавниот дом, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека тогаш ги соопштил и ставовите на опозицијата, за...

Секоја осма мигрантка што влегува во Македонија е трудна

Агенцијата на ОН за деца (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека во последните три месеци тројно е зголемен бројот на жените и на децата меѓу бегалците што минуваат низ Македонија кон Западна Европа. Како што се наведува во соопштението објавено во Женева, околу 3.000 лица дневно минуваат низ...

Градоначалникот Трајановски им посака успех на учениците од „Панче Арсовски“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, на првиот училишен ден го посетија средното училиште „Панче Арсовски“, каде на учениците запишани во прва година им посакаа добредојде во училиштето, успех во совладувањето на наставните содржини и...

МПМ ги намали платите, новинарите излегоа на протест

Новинари од редакциите на трите дневни весници во издание на „Медиа принт Македонија“ („Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“) денеска, точно напладне, излегоа на протест пред просториите на компанијата за да го искажат своето незадоволство и револтот од одлуката на менаџментот да ги намали платите на...

Адеми: Не е време за измена на законот за основно и средно образование

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, вели дека не е време за промена на законот во основно и средно образование, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалниот дијалог со „Средношколски пленум“ и исполнување на нивните барања околу воспитно-образовниот процес - Не е време за измена на законот за...

МВР: Вчера се издадени 814 потврди на мигранти

Од МВР денеска информираат дека се издадени 814 потврди на мигранти во периодот од осум часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број, 513 се од машки пол, 112 се од женски, 164 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и...

СДСМ: Со скапиот кеј, народните пари ќе завршат во нечии џебови

Координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид, Јован Стојаноски, обвини дека на седницата на Советот на Општина Охрид, на многу нетранспарентен начин советниците на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа „расипнички ребаланс на буџетот“. - Од проектираните зголемени 67 милиони денари во буџетот, тие наместо за капитални и...

Македонија, шеста најзагадена земја во светот

Независниот истражувачки центар „Нумбео“ (Numbeo) ја рангираше Македонија на неславното шесто место во светот, на листа од 103 држави, според индексот на загадување за 2015 година. Од регионот Албанија е рангирана на 21. место, Бугарија на 53., Србија на 57., Хрватска на 90. место. Најнезагадена земја,...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...