fbpx
Македонија Страница 2032

Македонија

Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

Студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите
Стотина студенти синоќа се собраа пред Архитектонски факултет во Скопје, на третиот Студентски пленум, на кој се разговараше за најавата од Министерството за образование да воведе екстерно тестирање во високото образование, пренесе „Радио МОФ“. Под мотото „Не ведни глава, придружи се!“, студентите уште еднаш го повторија својот...

Седници на две собраниски комисии

Седници на комисиите за еднакви можности на жените и на мажите и за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржат денеска во Собранието на Република Македонија. Комисијата за еднакви можности на жените и на мажите ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за еднакви...

Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

здружението „Отворете ги прозорците“.
Денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование“, која е во организација на проектот на УСАИД за електронски пристапно образование. Проектот го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“. На тркалезната маса се поканети и...

Попоски на конференција за Југоисточна Европа во Берлин

Се одржува во организација на реномираниот германско - американски Институт „Аспен“ во Берлин
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на покана од германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и од британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд,  денеска ќе учествува на шестата Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот...

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски
Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р....

Опозицијата почнува со трибини низ Македонија

Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев, почнуваат од Битола
Опозицијата денеска треба да ги почне трибините низ Македонија, на кои со граѓаните ќе се разговара за актуелните политички случувања. Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваат од Битола. По вчерашната средба со Андреј Жерновски од ЛДП и со лидерот на НСДП, Тито Петковски, Заев...

Денеска продолжува судскиот процес Канческа-Милевска против Шилегов

Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје
Денеска со распит на странки во Основниот суд Скопје 2, треба да продолжи судењето по тужбата на министерката Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Последното рочиште за ова судење беше откажано поради отсутност од здравствени проблеми на судијката што го води процесот. Канческа-Милевска го тужи Шилегов...

Признај ја вината и куртули од голема казна

Признај ја вината, спогоди се со Јавното обивнителство и на тој начин ублажи си ја санкцијата за извршеното кривично дело и времето на престој во казнето-поправна установа. Вака накусо може да се интерпретира одредбата во новиот Закон за кривична постапка (ЗКП), која овозможува случаите што...

Променливо облачно со магла во котлините

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер и со појава на магла во котлините и во речните долини. Утринската температура ќе се движи од еден од девет Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 17...

Повеќе од 1.000 битолчани маршираа за чист воздух

„Воздухот е живот, воздухот е право“ и „Ставете ги маските“ се само дел од пораките што ги скандираа битолчани на вечерашниот протест на кој побараа здрава животна средина и чист воздух. На Широк сокак се собраа повеќе од 1.000 граѓани, а меѓу нив и мали деца и...

Вработените во делчевската гимназија се без плата – нема кој да потпише

Училишниот одбор на делчевската гимназијата „Методи Митевски - Брицо“ синоќа не успеа да го реши проблемот со разрешувањето на претходниот директор и со назначувањето нов в.д. директор. Вработените во гимназијата, поради овој проблем, сè уште ја немаат примено септемвриската плата. Училишниот одбор вчера ја завршил...

Во 107 држави породилното го покрива државата, а во 30 работодавците

Ако Владата го прифати предлогот на ФЗОМ, оваа мерка ќе почне да се спроведува на почетокот на 2016 година
Во 107 држави во светот надоместокот за породилното отсуство на трудниците и на мајките го плаќа државата, во 45 тоа го прават работодавците, додека во 30 држави трошоците се поделени меѓу државата и работодавците. Во Словенија, примерот по кој најверојатно ќе се спроведува проектот...

Секој втор Македонец троши по едно пакување седативи годишно

Неконтролираната употреба на овие лекови предизвикува зависност
Напнатост, вознемиреност, нарушено спиење, страв, нервоза- сè поголем број граѓани имаат дијагностицирано депресија. „Дијазепам“, „лексилиум“, „хелекс“ - просечно, секој втор Македонец во годината употребил по едно пакување седативи. Лани се издадени повеќе од 1,6 милион рецепти. „Дијазепамот“ е најбаран, а најмногу го купувале во Берово. - Тука влегуваат само...

(ФОТОГРАФИИ) Одржан Саем за вработување во Штип

Повеќе од 10.000 заинтересирани посетители присуствуваа на третиот Саем за вработување кој се оддржа во Безистенот во Штип, во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. На саемот се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор.  

Обука за лекарите кои праќаат многу пациенти на томографија

ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и протоколите за медицина
Лекарите што упатиле премногу пациенти на компјутерска томографија или на магнентна резонанца, а по снимањето излегло дека тие немаат болест или повреда, ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и за протоколите за медицина базирана на докази, како и...

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната...

Тодоров одобри да се направи нова обдукција на телото на Дениса

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство, Никола Тодоров, да направи обдукција и ДНК-анализа на телото на Дениса Маркоска. Директорот на Институтот, Алексеј Дума, изјави дека министерот нагласил дека треба да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски. Во изминативе 24...

Опозицијата не се враќа во Собранието

Опозицијата не се враќа во Собранието, одлучија на денешната средба лидерите на опозицискиот блок, Зоран Заев, Тито Петоквски и Андреј Жерновски. Тројцата лидери се договорија да продолжат со блокирање на државните институции. - Темите за кои сакаме да разговараме со власта се познати. Ако таа...

Потпишана Декларација за остварување на уставно загарантираната слобода на медиуми

Декларацијата била усогласувана околу два месеци со консултација и соработка на повеќе медиуми и невладини организации
Новинари, уредници и невладини организации ја потпишаа Декларацијата за промовирање принципиелни ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во Република Македонија. Принципиелните ставови на Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка волја за слобода на медиумите, реформи на законодавството, финансиски услови...

Отворена градинка во Кривогаштани

Капацитетот на градинката е за 50 деца
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Кривогаштани, заедно со градоначалникот Тони Заткоски, ја пушти во употреба новата и прва градинка во општината. Спасов нагласи дека се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опрема за оваа прва детска градинка...

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...