Денеска со распит на странки во Основниот суд Скопје 2, треба да продолжи судењето по тужбата на министерката Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Последното рочиште за ова судење беше откажано поради отсутност од здравствени проблеми на судијката што го води процесот.
Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје.