fbpx

Вчера низ Македонија поминале 3.000 мигранти

-

Утрово од железничката станица во Гевгелија кон Табановце заминал првиот специјален воз со околу 500 бегалци кои беа пристигнати во текот на ноќта.

Денеска кон северната граница треба да заминат три воза. Следниот, по околу еден час, ќе биде поставен на платформата кај прифатниот камп.

Во текот на изминатото деноноќие, со четири специјални возови од Гевгелија до Табановце, транзитирале околу 2.200 мигранти. Бројот на возови и распоредот на нивно тргнување се утврдуваат според потребите на прифатниот камп.

Процените на УНХЦР велат дека вчера низ земјава транзитирале околу 3.000 мигранти, затоа што покрај возовите од Гевгелија, кон Табановце заминале уште десетина автобуси и исто толку такси-возила.

Од меѓународниот Црвен крст велат дека неопходната медицинска помош им се дава на сите мигранти на кои им е неопходна. Според нивна евиденција, најмногу мигранти доаѓаат од Сирија, но во последно време сè повеќе ги има и од Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Бангладеш,Сенегал и од Конго.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист...