fbpx

„Цивил“: Македонија не може да си дозволи изборна кражба

-

„Да се обезбеди модел и систем за спроведување избори кои во целост ја отсликуваат волјата на гласачите. Не смееме да дозволиме злоупотреба на власта и кршење на човековите права и слободи. Македонија, не може да си дозволи изборна кражба“. Ова е ставот на граѓанската организација „Цивил“, што беше соопштен на денешната тематската средба „Слободни избори за слободни граѓани: Иднината на Македонија“.

На средбата, учесниците зборуваа за состојбите во земјата, за политичката криза и за процесот за нејзино надминување. Изборниот законик, изборниот модел, избирачкиот список, Државната изборна комисија и нејзините тела, финансирањето на политичките партии и на изборните кампањи, медиумите и изборите – се само дел од темите што беа опфатени и за кои се презентираа конкретни предлози, барања и препораки. Исто така, се истакна потребата од транспарентност на политичкиот процес.

„Се приклучуваме кон повиците до преговарачите, редовно да ја известуваат јавноста за напредокот во преговорите. Согласни сме дека во овие услови не може да се спроведе сеопфатна реформа на Изборниот законик, па затоа, потребно е да се утврдат приоритети за да се создадат услови за почитување барем на минимални стандарди за одржување слободни и фер избори“, велат од „Цивил“.

На средбата присуствувале претставници на политички партии, граѓански организации, странски дипломатски претставништва и експертискиот тим на граѓанската организација ГОНГ од Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...