fbpx

СДСМ: Со скапиот кеј, народните пари ќе завршат во нечии џебови

-

Координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид, Јован Стојаноски, обвини дека на седницата на Советот на Општина Охрид, на многу нетранспарентен начин советниците на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа „расипнички ребаланс на буџетот“.

– Од проектираните зголемени 67 милиони денари во буџетот, тие наместо за капитални и за развојни инвестиции, најголемиот дел од 36 милиони денари, пари на граѓаните, проектирале да бидат потрошени за реконструкција на градскиот кеј Македонија. Во Охрид, очигледно, на повидок е уште еден проект на трошење пари за чоколадо, што би рекол Ставрески, во услови кога градот кубури со средства за елементарен опстанок – додава Стојаноски.

Граѓаните, смета Стојаноски, имаат многу други, приоритетни, потреби. Затоа се потребни промени за реален, домаќински и долгорочен развој на Охрид за тој повторно да биде атрактивен град за живеење, наместо да има највисока стапка на иселувањето во државата.

– Бакрачески и неговиот ментор Груевски треба да им одговорат на граѓаните на Охрид дали скапиот кеј во градот е за народните пари да завршат во нивни џебови по примерот на „Скопје 2014“ – обвинува Стојаноски.

Од локалната самоуправа одговорија дека СДСМ е без чувство за минимум политичка, а особено граѓанска одговорност.

– Напоменуваме дека парите од ребалансот на буџетот ќе се трошат за видливи проекти, кои ќе бидат од општа корист за граѓаните на Охрид, вклучително и градскиот кеј, кој ќе ја зголеми атрактивноста на градот. Парите нема да бидат потрошени за проекти кои никаде до ден-денес ги нема, онака како што тоа го правеа нивните ментори од минатата локална власт, кои денес се нивни идоли – велат од локалната самоуправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...