fbpx

Димовски: Нема да дозволиме Собранието да биде орган за интересите на СДСМ

-

Во Собранието на Република Македонија се донесоа низа значајни закони и одлуки кои се од директен интерес на граѓаните, додека пратениците од СДСМ не работеа, истакна денеска Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пред доаѓањето на пратениците од СДСМ во Собранието.

– Република Македонија е парламентарна демократија во која граѓаните избираат свои пратеници, чија обврска е да ги застапуваат и да одлучуваат во нивно име. Собранието на Република Македонија е државен орган каде се носат закони, каде се носи буџет на државата, каде се носат најкрупните одлуки. Пратениците имаат обврска, која сами ја побарале и за која сами се кандидирале, да бидат присутни овде, во Собранието, да дискутираат, да прашуваат, да одлучуваат. Секоја друга постапка, секој бојкот, уцена, деструктивно однесување, секоја блокада оди единствено на штета на државата и на нејзините граѓани. Оправдување за неработа, за незаинтересираност, за неодговорност нема и не е возможно да има. Но, секоја партија и секој поединец пратеник одлучуваат за себе и треба да се подготвени да ја понесат одговорноста. А за неа ќе одлучуваат граѓаните за само осум месеци – изјави Димовски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, од целата Коалицијата за подобра Македонија, но и другите пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на ДПА, рече Димовски, во изминатата година имале интензивна и плодна работа.

– Сите овие деведесетина пратеници беа на ниво на обврската која ни ја дале граѓаните. Сите овие пратеници не дозволија да биде нарушено нивното достоинство и кредибилитет, да не доаѓаат на работа, а да добиваат плата, и не дозволија лично да се стават во улога на заштитници на кариери на луѓе со сомнително минато и на сомнителни идеи за стабилноста и за развојот на Република Македонија. Нема да дозволиме Собранието на Република Македонија да биде орган што ќе се занимава само и единствено со интересите на СДСМ или на која било друга политичка партија. Нивните пратеници имаат обврска да бидат овде, да ја одработуваат својата плата, а не да бидат дел од сценарио за заштита на кариерата на одамна пропаднати политичари – изјави Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...