fbpx

Во Штип 14 семејства втор ден се без струја

-

Втор ден без струја се 14 семјества кои живеат како потстанари во државната зграда во штипската населба 8 Ноември. Станарите сметките за струја уредно ги платиле, меѓутоа дистрибутивната компанија ја исклучила зградата од системот од безбедносни причини. До прозорците висат електрични кабли што лесно можат да се дофатат. На места се и соголени и опасни по животот на луѓето. Ѕидовите се влажни. Овие семејства, во поголем дел приматели на социјална помош, така живеат со години.

– Немам зборови. Да плаќаш редовно струја, а да немаш!? Барам да си го решат проблемот. Вака не може. Незаконски ни ја прекинаа струјата. Се капеме со шишиња што ги топлиме на сонце на прозорот. Станбеното имаше еден месец да го реши проблемот. Ја зголемија станарината трипати. А барем еден прозор да заменеа. Изборите идат, ќе дојде и април – велат станарите.

Долгогодишните станари велат дека во зградата ништо не е чепнато цели триесетина години. Апсурдот да биде поголем, ова здание во распаѓање, иако во државна сопственост, го нема ниту во урбанистичкиот план. Станарина собира Акционерско друштво за управување со станбен и деловен простор. Оттаму изјавуваат дека е распишан тендер за реконструкција на зградата. Во меѓувреме, додека помине, ќе се обидат да ангажираат компанија која ќе го ублажи проблемот.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...