fbpx

Заев: Ако не се избере специјален обвинител до 15 септември, Договорот од Пржино нема да биде валиден

-

На 28 мај лани, од ова место порачав дека Никола Груевски мора да ја преземе одговорноста за криминално спроведените избори, изјави на денешната прес-конференција пред портите на законодавниот дом, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој рече дека тогаш ги соопштил и ставовите на опозицијата, за одвојување на партијата од државата, владеење на правото и за почитување на темелните уставни вредности.

– Само една година потоа, Никола Груевски прифати сè што одрекуваше. Оставка, преодна влада и нов јавен обвинител. Обврска станаа забелешките од Европската комисија, срочени во извештајот на Рајнхард Прибе, кој ги потврди сите состојби за кои зборувавме. Пред сè, да се озбезбеди независно судство, преку поглавјата 23 и 24, потоа избирачкиот список, изборното законодавство, регулација на медиумите и ослободување на регулаторните тела од пипалата на власта. Денеска, еве, повторно сме овде за да ги најавиме следните чекори откако успеавме во целта. Договор за создавање услови за фер предвремени праламентарни избори. Со ова потврдуваме дека го почитуваме потпишаниот договор од 2 и од 15 јули. Најавувам дека од денеска пратеничката група на СДСМ и на коалициските партнери, кои целиот овој период работеа на терен, заедно со граѓаните, ќе продолжат да дејствуваат во Собранието – изјави Заев.

Како што кажа тој, до 15 септември треба да се избере специјален јавен обвинител, а до 20 октомври треба да се избере преодна влада, да се уредат измени во изборното законодавство и да се направи целосно нов избирачки список.

– Првата обврска е специјален јавен обвинител, која мора да се реализира до 15 септември. Во спротивно, Договорот нема да биде валиден, а материјалите за прислушувањето нема да имаме кому да ги предадеме и ќе мораме да продолжиме да ги споделуваме со јавноста. Ќе нема нови „палома-договори“ – рече Заев.

СДСМ денеска во 14 часот ќе учествува на координација кај претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Сите документи за одземање на мандатот на пратениците ќе бидат повлечени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...