Бугарското обвинителство ја пронајде 45-та жртва, станува збор за дете

-

При дополнително прегледување на изгорениот автобус на „Беса Транс“ што во вторникот ноќта имаше сообраќајка и изгоре на автопатот „Струма“ близу бугарскиот град Перник, е пронајдено уште едно тело. Станува збор за тело на дете, јави Бугарската националната телевизија (БНТ), пренесувајќи изјава на заменик-главниот обвинител на Бугарија и раководител на Националната истражна служба, Борислав Сарафов.

Со ова сознание, бројката на загинати патници на автобусот што од Истанбул, Турција, се враќал во Северна Македонија, повторно се враќа на 45, колку што беа познати до вчера, до прес-конференцијата на Јавното обвинителство на Бугарија, кога и самиот Сарафов нагласи дека во истражната постапка на бугарското обвинителство се 44 тела, а не 45, како што се сметаше до тој момент.

Инаку, ДНК-примероците и идентификациите македонското Јавно обвинителство денеска ги предава на своите бугарски колеги и се очекува точна идентификација на посмртните останки на жртвите во најбрз можен рок

 

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...